
Во Варшава, Полска на 20 мај 2006 |
|
| Роден | 11 ноември 1929 Вајмарска Република |
| Занимање | поет, прозаист, преведувач |
Ханс Магнус Енцебергер (роден на 11 ноември 1929 година во Кауфбојрен) е германски писател, поет, преведувач и уредник. Има пишувано и под псевдонимот Андреас Талмаер. Живее во Минхен.
Содржина |
Енцесбергер учи литература и философија на универзитите во Ерланген, Фрајбург и Хамбург, како и на Сорбона во Париз, каде и докторира во 1955 година на тема Поезијат на Клеменс Брентано. До 1957 година, работи како радио-уредник во Штутгарт. Учествува на неколку собири на Групата 47. Еден период минува во Кастрова Куба. Меѓу 1965 и 1975 година го уредува списанието Kursbuch ("Распоред"). Од 1985 уредник е на престижната едиција книги Die Andere Bibliothek ("Другата библиотека"), кои се издаваат во Франкфурт и кои досега вклучуваат повеќе од 250 наслови. Енцесбергер е основач на месечникот TransAtlantik. Неговото творештво е преведено на повеќе од 40 јазици.
Помладиот брат на Магнус, Кристијан, е исто така писател.
Во најголем дел од неговите песни, Енцесбергер користи саркастичен и ироничен тон. На пример, песната "Блуз за средната класа" содржи опис на неколку банални карактеристики на средната класа, а фразата "не можеме да се пожалиме" се повторува повеќе пати, пред да заврши со прашањето "што чекаме?". Многу од неговите песни се инспирирани од класните односи и граѓанскиот немир. Иако е првобитно поет и есеист, често има кратки излети во светот на театарот, филмот, операта, радио драмата, репортажата, преведувањето, а автор е и на неколку романи и книги за деца. Австралијанскиот писател Родерик Гејтс го опишува Енцесбергер, покрај Рудолф Бардо, "како еден од ретките лево-ориентирани германци што успеале да го предвидат падот на комунизмот и распадот на СССР."(Судења од минатото, Глобално ехо.)
|
|||||||||||
Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History