
| Роден | 21 март 1935 |
|---|---|
| Занимање | поет, прозаист, драматург |
Томас Шапкот (роден на 21 март 1935 година) е австралијански поет, романсиер, драматург, уредувач, либретист, раскажувач и учител.
Содржина |
Роден е во Ипсвич, Квинсленд каде и учи заедно со својот брат-близнак, роден еден ден пред него. Интересно е тоа што иако Томас е леворак, неговиот брат е деснак.
Првиот уметнички импулс во него е музичкиот - сака да стане композитор. Уште пред да наполни 19 години, веќе има искомпонирано неколку дела, но се откажува од музиката кога ќе открие дека еден негов жичан квартет, потсвесно плагијаризирал едно дело на Ернест Блох [1]. Потоа работи како даночен службеник, позиција на која ќе остане во следните 27 години.
Директор е на Одборот за Литература седум години, а извршен директор на Националниот Совет за книги во периодот од 1992-97. Професор е по креативно пишување на универзитетот во Аделаида.[2]
Има напишано 15 збирки поезија и 6 романи.
Во 1989 година го добива Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, а во 2000 се закитува со највисокото литературно признание во Австралија - Наградата на Патрик Вајт.
|
|||||||||||
Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History