
| Роден | 9 октомври 1921 |
|---|---|
| Занимање | поет, писател, драматург |
Тадеуш Ружевич (полски: Tadeusz Różewicz) (роден на 9 октомври 1921 година во Радомско, Полска) е полски поет и писател.
Ружевич припаѓа на првата генереација полски поети, родени и едуцирани по полското осамостојување во 1918 година. Неговите први младешки песни се објавени во 1938 година. Во текот на Втората светска војна, заедно со неговиот брат Јануш (кој исто така е поет) е војник во рамките на нелегалната анти-фашистички ориентирана Армија Крајова.
За разлика од Јануш, кој е егзекутиран од Гестапо во 1944 година, Ружевич ја преживува војната и до неговото драмско деби во 1960 година, издава дванаесет високо ценети збирки поезија. Оттогаш до денес има напишано речиси пееесет драми. Оваа ерупција на драматуршка енергија е придружена со привремени навраќања кон поезијата и кратки излети во светот на прозата. Ружевич, кој е номиниран за Нобелова награда за литература и е добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, се смета за еден од најдобрите повоени полски поети и можеби за најинвентивен полски драматург.
Негови најпознати драми се: Картотека, Прекинатиот чин, Наталитет, Гладниот уметник си оди и Бела венчавка.
|
|||||||||||
Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History