
|
|
|||
|
|||
| Локација | |||
|---|---|---|---|
| Град Скопје на картата на Република Македонија | |||
|
Координати : |
|||
| Општи податоци | |||
| Име | Скопје | ||
| Поштенски код | 1000 | ||
| Повикувачки број | (+389) 02 | ||
| Автомобилска ознака | SK | ||
| Светци заштитници | Св. Богородица | ||
| Официјална страница | skopje.gov.mk | ||
| Историја | |||
| Стари имиња | Скупи | ||
| Управа | |||
| Држава |
|||
| Општина | Скопје | ||
| Број на општини | 10 | ||
| Градоначалник | Трифун Костовски | ||
| Географија | |||
| Површина | 1 818 km² | ||
| Надморска височина | 240 m | ||
| Население | |||
| Население | 506 926 (2002[1]) | ||
| Густина | 3,603 ж./km² (2002) | ||
Скопје е главен град на Република Македонија, а воедно претставува административно политички, стопански, културен и образовно-научен центар. Се наоѓа во средишниот дел на Балканскиот полуостров распространет на бреговите на реката Вардар.
Содржина |
Градот Скопје во текот на своето постоење во зависност од историските прилики бил именуван со различни имиња. Античкото име е Скупи (Scupi).
Скопје има различна транскрипција во различни јазици и култури. Така имаме: Shkupi (албански), Scupi (латински), Skop'e - Скопье (руски), Skópia - Σκόπια (грчки), Skopie (полски, шпански), Скопие (бугарски), Skopje (холандски, германски, македонски, латвијски, малтешки, португалски, словенечки, романски, шведски), Scoplie (варијанта на романски), Skoplje (српски на латиница, хрватски), Скопље (српски на кирилица) Skūbyī (арапски), Uskub (турски за време на отоманската империја), Üsküp (турски), Skopjė (литваниски), Szkopje (унгарски)
Скопје за прв пат се споменува од Клаудиј Диоломеј под древното име Скупи. Името Скупи (колиба, засолниште, стреа) за прв пат се јавува кај Пајонското племето Агријани, кои живееле на овие простори.
Според историските податоци, во времето на императорот Октавијан Август, од 13-та до 11-та година пред нашата ера, Скупи од логор (каструм) на двете Македонски легии - 5-та Македонска и 4-та Скитска легија прераснал во град.
Подоцна во 84 или 85 година императорот Домицијан основал колонија Флавија Скупи, град со римски самоуправни права кој бил најголем на просторот од Солун на југ до Дунав на север. Во тоа време Скопје доживува голем развој и станува град со свој бискуп.
Во византиските документи градот е забележан како Скопиа, а Словените го означувале и како Скопие, Скопје, Скопље. За време на владеењето на цар Самуил, Скопје станува дел од Самоиловото царство. Во подоцнешниот период градот потпаѓа под власт на Византија, Бугарија и Србија, а на 19 јануари 1392 градот го зазеле Османлиите и го добил името Ускуп.
На 25 и 26 октомври 1689 година градот го освоил Австро-унгарскиот генерал Силвио Пиколомини кој подоцна го запалил Скопје поради епидемија на чума и за да не им остави ништо на непријателите. Градот горел цели два дена и бил скоро целосно уништен.
Во 19-от век Скопје станува важен сообраќаен центар и во него цвета занаетчиството. На 25 октомври 1912 година по 520-годишно владеење Османлиите го напуштаат Скопје, а веќе наредниот ден влегува Моравската дивизија на српската војска со што градот потпаѓа под српска власт.
За време на Првата светска војна Скопје се наоѓа под окупација на Бугарските и Австро-унгарските сили, а по завршување на војната станува дел од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.
Во Втората светска војна Скопје повторно е окупирано од Бугарија, сојузник на нацистичка Германија. На 22 април 1941 година бугарската Петта армија го окупира Скопје и останува во градот се до 9 септември 1944. На 13 ноември 1944 година борците од 42-та и 50-та Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација.
По ослободувањето од фашистичкиот окупатор на 13 ноември 1944 година, градот брзо се развива и станува индустриски, културен и административен центар на Социјалистичка Република Македонија која е во составот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.
Скопје се наоѓа на 21° 26' источна географска должина и 42° северна географска ширина. Надморската височина во центарот на градот изнесува 240m. Се простира на 1818 km² во широчина 9km (Водно-Радишани) и во должина 23km. (Драчево - Ѓорче Петров). Градското подрачје зафаќа површина од 225km².
Климата во Скопје ја карактеризира средна годишна температура од околу 12,4°C. Летата се долги суви и жешки, а зимите ладни со многу магловити денови. Низ скопската котлина протекуваат реката Вардар со своите притоки: Треска, Пчиња, Маркова река, Лепенец и Кадина река. Скопската котлина ја опкружуваат планините: Водно, Караџица, Осој, Жеден и Скопска Црна Гора.
Видете: Скопски населби и маала
Во градот Скопје има 10 општини: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари. Според бројот на жители, најголема општина во град Скопје е Гази Баба со 72.617 жители, а најмала е Шуто Оризари со 20.800 жители. Според површината, најголема општина во градот Скопје е Сарај со 229 km², а најмала е Чаир со 3,5 km².
Според новата територијална организација (припојување на општините Сарај и Кондово) градот Скопје има 506 926 жители (66,75% Македонци) меѓутоа околу 15% од тоа претставува селско население поради големиот број на села во составот на Општина Сарај.
Но според старата поделба градот Скопје има 467 275 жители (71,22% Македонци) од кои 94% живеат на градското подрачје на Скопје.
Од гледна точка на демографските движења на населението Скопје има позитивна популациона слика. Населението на градот се постојано зголемува пред се поради големиот број доселувања (најчесто од градовите и селата од внатрешноста на Македонија) и поради наталитетот. Мора да се спомене дека како и во целата земја и во Скопје бројот на раѓањата (наталитетот) драстично опаѓа меѓутоа како најголем и најразвиен град во државата стапаката на раѓање сепак е највисока. Доселувањата во Скопје се во постојан подем и континуитет од крајот на Втората светска војна. Луѓето денес во Скопје пред се се доселуваат поради стопанско - економски причини или поради продолжување на своето образование. Светец заштитник на градот Скопје е Св. Богородица.
Јавниот превоз во Скопје се одвива со такси и автобуси. Постојат приватни и државни превозници, од кои неспоредливо најголем превозник е ЈСП-Скопје кој го покрива целиот град и неговата поширока околина.
Места од интерес за туристички разгледувања се:
За прв пат градот е разурнат во катастрофалниот земјотрес на 28 април 518 година. По земјотресот Скупи веќе не се споменува, а скопската котлина добива нов град со името „Јустинијана Прима“.
Во 1555 година градот повторно е разурнат од катастрофален земјотрес, но набрзо е обновен и станува турско воено упориште. Во 16-от и 17-от век Скопје е најголем и најбогат град во европскиот дел на Османлиската империја.
Во почетокот на ноември 1962 поради обилни дождови, реката Вардар го поплави Скопје. Поплавени беа околу 5000 куќи. Поплавата беше предвесник на една поголема трагедија неколку месеци подоцна.
На 26 јули 1963 година во 5:17 часот Скопје беше разурнато од земјотрес со 9 степени по меркалиевата скала (6,1 според рихтеровата сеизмичка скала). Под урнатините животот го загубија 1 070 негови граѓани, беа повредени над 4 000 граѓани. Повеќе од 90 отсто од зградите во градот беа урнати и над 20 000 граѓани оставени без покрив над главата.
По земјотресот градот почна да се гради по урнек по проектите на Кензо Танге и Адолф Циборовски. Старата Железничка Станица, денес е музеј на градот Скопје и симбол на големиот земјотрес. Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните 5 часот и 17 минути изутрина.
Првата помош за граѓаните на Скопје дојде од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики и неколку дена по земјотресот започна да пристигнува и помош и спасувачки екипи од целиот свет. Точно 87 нации во светот испратија некаква помош во Скопје кои помогнаа тој да се изгради повторно, и поради тоа градот го носи и епитетот „Град на солидарноста“.
Во Скопје, за првпат во времето на Студената војна меѓу капиталистичкиот запад и комунистичкиот исток, се сретнаа американски и советски воени сили кои заеднички им помагаа на Скопјани.
| Скопски маала и населби | ||
|---|---|---|
| Автокоманда | Аеродром | Буњаковец | Бутел I | Бутел II | Вардар | Влае | Водно | Волково | Гази Баба | Геге | Гоце Делчев | Дебар Маало | Дексион | Драчево | Ѓорче Петров | Жданец | Железара | Злокуќани | Илинден | Јане Сандански | Капиштец | Карпош I | Карпош II | Карпош III | Карпош IV | Кисела Вода | Кисела Јабука | Козле | Колонија Идризово | М.А. Ченто (Сингелиќ) | Маџари | Маџир Маало | Миладиновци | Момин Поток | Острово | Ново Лисиче | Пинтија | Пржино | Припор | Радишани | Скопје Север | Сопиште | Стајковци | Тасино чешмиче | Тафталиџе | Топанско Поле (Населба Васил Главинов) | Ќерамидница | Хиподром | Центар | Црниче | Чаир | Шуто Оризари | ||
Берово • Битола • Богданци • Валандово • Велес • Виница • Гевгелија • Гостивар • Дебар • Делчево • Демир Капија • Демир Хисар • Дојран • Кавадарци • Кичево • Кочани • Кратово • Крива Паланка • Крушево • Куманово • Македонски Брод • Македонска Каменица • Неготино • Охрид • Пехчево • Прилеп • Пробиштип • Радовиш • Ресен • Скопје • Струга • Струмица • Свети Николе • Тетово • Штип
| Статијата Скопје е избрана статија на главната страница. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија. |
|
Камен мост
|
a-rup:Scopia]]
Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History